-1.2 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Секоја книга има крај, Вавринка објави дека се повлекува во 2026 година!

Швајцарскиот тенисер, трикратен шампион на гренслем турнирите во поединечна конкуренција и олимписки шампион во двојки од 2008 година, Станислас Вавринка, објави дека следната сезона ќе биде последна во неговата кариера.

Вавринка има 40 години, а од гренслемите не успеа да го освои само Вимблдон.

„Секоја книга има потреба од крај. Време е да го напишам последното поглавје од мојата кариера како професионален тенисер. 2026 година ќе биде мојата последна година на турнејата. Сè уште сакам да ги поместам моите граници и да го завршам ова патување на најпозитивна можна нота. Сè уште имам соништа во овој спорт. Останува уште еден последен обид“, напиша Вавринка.

Ова значи дека љубителите на тенисот имаат малку помалку од една година да уживаат во игрите на популарниот Стен.

- Оглас -

Најнови вести