Секс-скандал ја тресе Шпанија: Тројца играчи на Еибар снимале порно

Секс-скандал ја тресе Шпанија во коа се замешани еден сегашен и двајца поранешни фудбалери на прволигашот Еибар. Напаѓачот Серхи Енрич, членот на Рајо Валјекано Антонио Луна и играчот на Албасете Еди Силвестре без дозвола се снимале како имаат секс со една девојка која првично немала претстава за ситуацијата, додека на самата снимка се слуша како се обидува да се ослободи и да ги убеди фудбалерите да не го прават тоа.

Силвестре е тој што снимал со својот мобилен телефон, а потоа го објавил видеото, додека Енрич и Луна ја злоставувале девојката. Ова се случило во периодот кога Луна и Силвестре биле членови на баскискиот клуб, според шпанските медиуми, во октомври 2016 година.

Обвинителството бара да им бидат изречени казни од три до пет години зад решетки на двајца од нив, додека за Силвестре се бара затворска казна од три години за нарушување на приватноста. Исто така сторителите ќе мора да ѝ платат на жртвата финансиски надомест за психичко малтретирање.

Судењето ќе се одвива во Сан Себастијан, на кое фудбалерите ќе треба да се бранат од слобода, но доказите засега се цврсти и тешко дека ќе може да се спасат од казна.

- Оглас -

Најнови вести