Секулов не успеа да се докаже во Јувентус, сега е преставен во тим од Серија Б

Македонецот со италијански пасош Никола Секулов од денеска е нов играч на Кремонезе. Тимот кој игра во италијанската Серија Б го промовираше новиот играч, кој дојде од тимот на Јувентус.

Секулов неколку години беше дел од гигантот Јувентус, но не се избори за место во сениорскиот состав и не заигра ниту на еден меч. Најмногу што стигна Секулов е настап во тимот на Јувентус за играчи до 23 години.

Овој 21-годишен играч играше за македонската репрезентација за играчи до 17 години, но потоа доби покана од селекцијата на Италија реши да го смени спортскиот пасош. Настапуваше за У17, У18 и У20 селекциите на Италија, но тука и заврши неговиот репрезентативен статус кај Аѕурите.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести