Никола Секулов покажа врвно мајсторство и по одлична соло акција го постигна дебитантскиот гол за младинците на Јувентус во Лигата на шампионите.
Во победата против Баер Леверкузен, Секулов го постигна четвртиот гол за гостите од Торино во победата од 5:0. Секулов играше за нашата национална селекција во помладите категории, но потоа одлучи да настапува за Италија.
Во Јувентус велат дека Никола е голем талент и од него очекуваат многу во иднина.