Селектор научен на успеси: Сер Боби денеска слави роденден, фудбалерите синоќа му го дадоа најдобриот подарок!

Кога беше назначен за селектор на Македонија, Благоја Милевски се соочи со голем притисок дека треба да го продолжи патот со успешни резултати кои ги имавме до пласманот на Европското првенство. Популарниот Сер Боби воопшто не се сомневаше дека ќе биде така, а тоа го покажа и во овие неколку месеци со резултатите и играта на Македонија на терен.

Македонија не само што продолжи со добри резултати, туку продолжи да испишува историја. Победа над Италија на нејзин терен во квалификации за Светско првенство е нешто што не му успеало никому претходно. Македонија го направи сефтето, и тоа со Милевски на клупата.

Пред дуелот со Италија, Милевски само едно им потенцираше на фудбалерите, а тоа е да излезат на теренот и да уживаат. Тоа и го направија играчите. Излегоа уживаа, но и изгинаа на теренот за Македонија, а тоа на крајот се исплатеше. Го елиминиравме актуелниот европски првак и четирикратен светски владетел, а Милевски од клупата го предводеше тимот само како што може да се посакува.

Среќен 51-ви роденден селекторе, па славењето нека трае и по мечот со Португалија.

- Оглас -

Најнови вести