Селекторот на машката сениорска репрезентација на Македонија, Жозеп Марија Берокал, ги одбра финалните 12-мина кошаркари на кои ќе смета за мечот од третото коло од групата „А“ од претквалификациите за пласман на Евробаскетот 2029 против репрезентацијата на Луксембург.
Новиот предводник на нашиот сениорски тим по денешниот тренинг, ги тргна дилемите и го одбра финалниот состав кој ќе влезе во официјалниот протокол за средбата против Луксембург, која ќе се игра на 27 февруари (петок), во салата во „Градски парк“ во Скопје, од 18 часот.
Селекторот Берокал се одлучи на натпреварот против репрезентацијата на Луксембург да играат: Војдан Стојановски, кој ќе биде и капитенот на тимот, Андреј Магдевски, Виктор Ташовски, Лука Стојановски, Марин Петков, Виктор Ефремовски, Валмир Какруки, Адем Мекиќ, Стојан Ѓуроски, Андреј Јакимовски, Етан Хап и Теодор Симиќ.
Од оние што тренираа со тимот, отпаднаа Андреј Маслинко, Андреј Митревски и Амар Хот, како и повредениот Лејсон Зеќири.

