Се вратија насмевките, Елмас ќе игра против Романија (Фото)

Елиф Елмас тренираше вечерва на националната арена „Тодор Проески“ и ќе игра утре против Романија, што е нов зрак на оптимизам во нашиот табор.

Фудбалскиот дијамант се пожали на повреда на скочниот зглоб на дуелот со Исланд на кој прокоцкавме предност од 2:0 и одигравме нерешено 2:2.

Сепак Елиф ќе стисне заби и ќе игра утре против Романија од 20,45 часот во обид да им се реваншираме на гостите за поразот во март со 3:2 во Букурешт.

Ова е одлична вест и за селекторот Благоја Милевски, по двата нерешени дуели со Ерменија и со Исланд, па и тој очекува прва победа откако го замени Игор Ангеловски на клупата на македонската репрезентација.

Романците кои имаат многу проблеми пред утрешниот дуел се пред нас на табелата во Ј групата со 9 бода, еден повеќе од Македонија, а на првите две места се Германија со 12 бода и Ерменија со 10.

 

- Оглас -

Најнови вести