Селекторот искрен: Договорот ми истече во моментот кога судијата означи крај на мечот

Мексико не успеа да се пласира во осминафиналето на Светското првенство иако оваа селекција во групата заврши со четири бода, исто колку и Полска, но европската селекција имаше за малку подобра гол-разлика.

По победата над Саудиска Арабија, селекторот на Мексико, Херардо Тата Мартино, рече дека тоа е крај на неговата работа во националниот тим.

„Јас сум одговорен за фрустрациите и разочарувањата. Многу сум тажен и ја преземам целата одговорност за овој голем неуспех. Договорот ми истече во истиот момент кога судијата означи крај на средбата“, рече Мартино по синоќешниот дуел.

Мексико имаше водство од 2:0 против Саудиска Арабија, но мораше да постигне и трет гол за да стигне до второто место во групата. Наместо тоа, во последните моменти од дуелот, Саудиска Арабија даде гол и им стави крај на сите надежи на Мексиканците.

Мартино на селекторската позиција во Мексико дојде во јануари 2019 година, а тука завршува авантурата на аргентинскиот стратег.

- Оглас -

Најнови вести