Селекторот кој ја одведе Аргентина до светскиот трон во 1986 година уште не знае за смртта на Марадона

Помина повеќе од една недела од смртта на Диего Марадона, а додека светот го оплакува фудбалскиот великан, веста околу неговата смрт се крие од поранешниот селектор на Аргентина.

Карлос Билардо, човекот кој седеше на клупата на Гаучосите и ја одведе репрезентацијата на чело со Марадона до светскиот трон во 1986 година, уште не знае дека Диего почина. Веројатно тој е единствениот човек во светот кој уште не ја дозна информацијата околу Марадона.

„На Карлос му ги исклучивме сите канали на ТВ, а му пуштаме епизоди од серијата „Наркос“ на „Нетфлис“ и го лажеме дека антените не функционираат. Не сакаме да дознае дека Диего почина, веста многу ќе го боли“, истакна братот на Билардо.

Во меѓувреме, синот на Карлос има намера да му ја соопшти веста со уште неколку играчи од златната генерација која триумфираше на Мундијалот, со надеж дека полесно ќе се соочи со фактот дека Марадона го нема.

„Прво мора да процениме дали е во состојба да ја прими веста, па заедно со неколку играчи од златната генерација да му кажеме дека Диего е мртов. Мора да го направиме тоа бидејќи кога-тогаш татко ми ќе дознае гледајќи фудбал на ТВ“, посочи синот на Билардо.

 

- Оглас -

Најнови вести