Франко Фода, селекторот на Австрија објави поширок список од 30-мина фудбалери за Европското првенство, а од него до крајниот рок, до 1 јуни, што го предвиде УЕФА ќе отпаднат четворица играчи.
Најпознато име на поширокиот список и сигурен патник за ЕП е Давид Алаба, играчот на Баерн Минхен, кој ќе биде нов член на Реал Мадрид.
Der Kader zur EURO-Vorbereitung! #GemeinsamÖsterreich pic.twitter.com/wH9yfJxpI2
— ÖFB – oefb.at (@oefb1904) May 19, 2021
Австријците ќе играат два подготвителни натпревари пред дуелот со Македонија на 13 јуни во Букурешт. Најпрво ќе патуваат за Англија и на 2 јуни во Мидлсбро ќе играат против Гордиот Албион, а потоа на шести јуни спаринг партнер ќе им биде селекцијата на Словачка.
Против нас ќе го играат премиерниот меч на ЕП на Националната арена во Букурешт на 13 јуни од 18 часот.