Селекторот на Данска открива: Имавме две опции

Селекторот на Данска Каспер Хјулманд, откри дека било многу тешко да се доигра мечот против Финска, кој беше прекинат поради несреќата што му се случи на Кристијан Ериксен. Капитенот на Данска ненадејно падна на теренот, а лекарите повеќе од 10 минути се обидуваа да го реанимираат и на крајот успеаа.

Ериксен успеа да го издржи срцевиот удар, а потоа од болница им порача на своите соиграчи да се вратат на терен и да го продолжат мечот. По враќањето на теренот, Данците едноставно не можеа да го издржат притисокот. Финска даде гол за 1:0, а потоа Данците промашија пенал за нерешено.

„Имавме две опции. Да играме денеска или утре попладне. Сите се сложија тоа да биде денес. Сепак, не може да играш со такви емоции. Се обидовме да победиме. Беше неверојатно да собереме сили повторно да излеземе на терен и да се обидеме да го одиграме второто полувреме“, вели селекторот на Данска, Каспер Хјулманд.

 

- Оглас -

Најнови вести