20.8 C
Skopje
среда, 27 август 2025

Селекторот на Италија има план како да го сопре Јанис: Мојот пријател е снајперист!

Репрезентациите на Италија и Грција ќе играат утревечер во првото коло на Европското првенство, дуел кој го има приматот на дерби. Фаворитската улога ја има Грција, но селекторот на Италија, Џанмарко Поцеко, секако дека нема да се предаде предвреме.

Поцеко е свесен дека најголемата опасност за неговиот тим доаѓа од НБА-ѕвездата Јанис Адетокумбо. На прашањето дали има специјална тактика како да го чува Јанис, Поцеко имаше духовит одговор.

„Имам добар пријател кој е снајперист и планираме да го сместиме на врвот од салата“, во шега рече селекторот на Италија.

 

View this post on Instagram

 

A post shared by BasketNews (@basketnews)

На овој одговор се насмевна и новинарот, кој го праша Поцеко каков пријател има, а селекторот на Италија продолжи со одговорот: „Најверојатно тоа ќе го направиме во првата четвртина за да не може да игра во втората, третата и четвртата четвртина. Тој мој пријател навистина е одличен снајперист. Тоа е единствената опција која ја имаме и која веќе ја договоривме со моите помошници и со играчите. Кога се работи за Јанис, нема друга опција. Незадржлив е во НБА-лигата, ќе биде незадржлив и на Европското првенство“, вели Поцеко.

- Оглас -

Најнови вести