Селекторот на Канада се вади за глупавата изјава: Хрватскиот фудбал е друга димензија за нас

Селекторот на Канада, Џон Хердман се обиде со комплименти да се извади за глупавата изјава што е шокантна, а гласеше:

„Им реков на играчите дека ние припаѓаме тука и дека ќе одиме да ги еб*ме Хрватите. Едноставно е“.

Дадена веднаш по болниот пораз од Белгија со 0:1, оддекна како бомба во светот на фудбалот, а имаше огромни критики за Хердман.

„Три години патував за Хрватска за да го гледам мојот син како игра фудбал. Во Хрватска оваа игра е сосема поинаква димензија, а јас научив многу од нив. Имаат толку страст енергија и фудбалско знаење. Мојата претходна изјава? Мислам дека медиумите намерно истакнаа дел од неа и од тоа направија приказна. Кога и жената ќе ви прати порака дека е загрижена, знаете дека нешто не е в ред, а се е пренапумпано“, рече Хердман.

И на двете селекции утре им треба победа за да останат во игра за пласман во вториот круг, односно во нокаут фазата.

Хрватска одигра без голови со Мароко во првото коло и по дуелот со Канада ги чека меч со еден од тиоп фаворитите на Мундијалот, селекцијата на Белгија.

Канада загуби од Белгија и по дуелот со Хрватите ги чека последниот круг во фазата по групи и меч со Мароко.

 

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести