На прес-конференцијата пред мечот со Македонија, селекторот на Малта, Микеле Марколини, рече дека индивидуално, македонскиот тим е поквалитетен од малтешкиот и дека во фудбалот потценување на противник доведува до неочекувани резултати.
„Тешко е да се каже кој е најслаб тим во групата. Македонија имаше проблеми по поразот од Англија, но покажаа напредок. Индивидуално, подобри се од нас, имаат квалитет и сила. Секогаш се обидуваме да им правиме проблеми на противниците, само со Англија не успеавме. Секогаш сакаме да останеме непоразени“, изјави Марколини.