22.8 C
Skopje
четврток, 11 септември 2025

Селекторот на Молдавија поднесе оставка по поразот од Норвешка со 1-11

Сергеј Клешченко поднесе оставка од функцијата селектор на молдавската фудбалска репрезентација.

Овој 53-годишен тренер беше на чело на тимот од декември 2021 година. Под негово водство, молдавската репрезентација одигра 38 натпревари, од кои победи во 12, загуби 18-пати, а имаше и 8 нерешени игри.

На 9 септември репрезентацијата го претрпе најголемиот пораз во својата историја, губејќи со 1-11 на гостински терен од Норвешка во квалификацискиот натпревар за Светското првенство во 2026 година. Молдавците не освоија ниту еден бод на пет квалификациски натпревари и се на последното место во Групата И.

Во овие приближно 4 години доживеавме многу емоции заедно, некои помалку пријатни, за кои се извинувам, но и многу убави. Заедно бевме на чекор од историски пласман на ЕВРО 2024, се промовиравме во Лига Ц од Лигата на нациите. Работевме заедно, верувавме и се боревме за боите на нашата земја. Во животот има подеми и падови и верувам дека дојде време за промена, одлука што ја сметам за соодветна и за мене и за тимот. И посакувам на репрезентацијата многу успех во важните натпревари што претстојат оваа есен“, изјави Клешенко.

- Оглас -

Најнови вести