Белгиската фудбалска репрезентација доживеа уште еден неуспех и порај големите очекувања пред стартот на ЕП. Белгија веќе неколку големи натпреварувања се надева дека ќе оди далеку, но постојано разочарува.
Вчера Белгија беше елиминирана во осминафиналето од Франција со 1:0, и тоа откако Јан Вертонген си постигна автогол. И покрај овој неуспех, селекторот Доменико Тедеско не планира да си даде оставка.
Италијанскиот стратег на чело на Белгија дојде по Светското првенство во Катар и имаше низа од 13 меча без пораз. Таа низа траеше сè до почетокот на ЕП, а потоа Белгија беше шокирана и загуби од Словачка со 1:0, потоа славеше над Романија и на крајот ремизира со Украина. Потоа со 1:0 загуби и од Франција и го заврши настапот на ЕП 2024.
Денеска со реакција се јави и селекторот на Србија, Драган Стојковиќ-Пикси, кој најави дека не планира да поднесе оставка. Сега и Тедеско верува дека не е виновен за неуспехот на Белгија.