Репрезентацијата на Македонија за фудбалери со 19 години со пораз тргна на турнирот во Словенија. Нашите талентирани фудбалери, предводени од селекторот Дашмир Беари, водеа со 2-0 по првото полувреме, но во вториот дел домашните беа доминантни и постигнаа четири гола за триумф од 4-3. Четвртиот гол на Словенија беше од пенал во 92-рата минута.
Дашмир Елези погоди во четвртата минута, Андреј Стојчевски во 21-вата, а ефектен автогол со глава си даде Домен Зајшек за водство на Македонија од 3-1 во 62-рата минута. Но, во последниот половина час, Словенците направија пресврт.
Во второто коло Македонија задутре има дуел со Саудиска Арабија, исто така во Крањска Гора, а на 7 септември во Чатеж ќе одиграме против Словачка.