Селтик на „јапонски погон“ го победи омразениот ривал и го освои Лига купот (Видео)

Фудбалерите на Селтик го одбранија трофејот во шкотскиот Лига куп откако денеска во финалето го совладаа омразениот ривал, Ренџерс со 2:1.

Селтик беше подобар тим во првото полувреме, одличната игра ја круниса со голот на Кјого Фурунаши во 44-та минута.

https://twitter.com/i/status/1629872631049601024

На стартот од вториот дел, во 56-та минута, Фурунаши на асистенција на вториот Јапонец кој игра во Селтик, Рео Хатате, зголеми на 2:0.

https://twitter.com/i/status/1629880023422214152

Одговорот на Ренџерс следеше осум минути подоцна, Алфредо Морелос ја искористи гужвата во противничкиот шеснаесетник по центаршутот на Таверние и ја испрати топката во мрежата.

До крајот на натпреварот, иако фудбалерите на Ренџерс тргнаа на сè или ништо, не успеаја да постигнат и Селтик дојде до 21-от трофеј во Лига купот.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести