Фудбалската експедиција на Сенегал пристигна во Доха, а во авионот со кој допатуваа Сенегалците, ја немаше нивната мегаѕвезда Садио Мане.
Крилото на Баерн Минхен има повреда и не е со тимот, туку на прегледи во Минхен и Австрија, а од Фудбалската федерација на Сенегал потврдија дека Мане нема да игра на првите „неколку“ меча.
Во првото коло, Сенегал игра со Холандија, а потоа треба да играат уште со Катар и Еквадор. Африканскиот првак има група која може да ја мине, но ако мора да играат без Мане, Еквадор и Катар имаат причина да се надеваат дека може да бидат втори зад фаворитот Холандија.