Сензација на Карацев, Ѓоковиќ остана без финале во родниот Белград (видео)

Аслан Карацев ја оствари можеби неговата најголема победа во тениската кариера, откако по три сета го елиминира Новак Ѓоковиќ со 7-5, 4-6, 6-4 во исцрпувачкото полуфинале кое траеше речиси три и пол часа на АТП турнирот во Белград. Моментално 28-от тенисер во светот му го уништи сонот на првиот светски рекет да ја освои третата титула во неговиот роден град, за која чекаше девет години.

https://twitter.com/TennisTV/status/1386029350622015489

Карацев брилјираше од самиот старт на мечот и откако поведе со 3-0 во гемови, му се зголеми самодовербата дека може да изненади. Ѓоковиќ возврати брејк и израмни на 4-4, но потоа загуби уште два сервиси по што Карацев поведе со 1-0 во сетови. Сенцазијата можеше да биде остварена по два сета, меѓутоа Новак со три брејка израмни на 1-1, но во решавачкиот сет потклекна во седмиот гел во кој Карацев направи нов брејк ја најави големата победа, иако Ѓоковиќ претходно спаси една меч-топка.

Карацев во финалето во Белград го чека подобриот од дуелот меѓу Таро Даниел и Матео Беретини.

https://twitter.com/atptour/status/1386000972007104514

- Оглас -

Најнови вести