Сензација на повидок? Хајдук е поголем фаворит за потписот на Де Хеа од Ал-Наср (Фото)

Договорот на голманот Давид де Хеа и Манчестер Јунајтед заврши на 30-ти јуни оваа година и тој е слободен агент. Според шпекулациите интерес за него има од Ал-Наср од Саудиска Арабија, клубот за кој играат Кристијано Роналдо и Марсело Брозовиќ.

Сепак, специјализираниот портал за трансфери и вредност на фудбалерите, Трансфермаркет, објавува неверојатна информација дека предност за ангажирање на голманот има сплитски Хајдук со 46%, додека веројатноста дека Де Хеа ќе продолжи во Ал-Наср е 42%.

- Оглас -

Најнови вести