Кети Баултер приреди сензација од прва класа на Вимблдон со победа од 2:1 во сетови против Каролина Плишкова.
Британката имаше огромна поддршка од публиката и успеа да се справи со седмата носителка и ланска финалистка на Вимблдон.
И тоа го стори со пресврт, откако чешката тенисерка и голема фаворитка го доби првиот сет со 6:3.
Во тај-брејкот во вториот сет Баултер беше посмирена и го доби со 7:4 во поени за 1:1 во сетови.
Кети е рангирана како 118 тенисерка на светот, но сепак успеа да одигра одлилно и во третиот сет, направи клучен брејк за 5:4 и потоа го доби својот сервис за една од најголемите победи во кариерата.
Плишкова лани загуби од Ешли Барти во меч за титулата на Вимблдон со 1:2 во сетови.
Баултер за првпат ќе игра во трето коло на гренслем, а противничка ќе и биде Хармони Тан, која е 115-та на ВТА листата, а во првото коло ја елиминира Серена Вилијамс.