Сензација: Руски боксер го победи фаворизираниот Алварез

Рускиот боксер, Дмитри Бивол славеше во мечот за титулата во лесна категорија и тоа сензационално над фаворизираниот Канело Алварез во „Т-Мобајл“ арената во Лас Вегас пред 20 илјади навивачи.

Русинот беше далеку подобар во текот на целата борба за на крајот сосема заслужено, на поени со 115:113 да дојде до триумфот. За Алварез кој што беше огромен фаворит, ова е втор пораз во кариерата, прв по пауза од девет години откако загуби од Флојд Мејведер.

Бивол, пак, сè уште нема пораз во својата кариера и има скор од 20:0, од кои 11 победи има со нокаут.

„Тоа е боксот, некогаш губиш а некогаш победуваш. Сега јас заслужено загубив и тука нема никакво ‘плачење’. Честитки за Бивол за победата и се надевам дека пак ќе се сретнеме“ изјави Алварез по средбата.

- Оглас -

Најнови вести