Сензација во Мелбурн: Медведев елиминран од анонимен тинејџер во меч кој траеше до три часот наутро

Рускиот тенисер Данил Медведев е елиминиран во второто коло на Австралија опен и тоа од 121-виот играч на АТП листата, Леарнер Тиен од САД. Невеорјатно драматичен беше мечот кој траеше речиси пет часа, а заврши во 2 часот и 55 минути после полноќ по локално време.

Младиот 19-годишен Тиен уште на стартот покажа дека е решен да направи сензација па ги доби првите два сета и тоа со 6:3 и 7:6. Во третиот сет повторно се играше тај-брејк, а во еден момент Тиен водеше со 7:6 и имаше меч топка која не ја искористи. Тоа го искористи Медведев и го доби сетот да намали на 2:1 во сетови.

Во четвртиот сет рускиот тенисер беше убедлив со 6:1, па се чинеше дека фаворитот нема да дозволи изнеадување. Сепак, во решавачкиот петти сет повторно се случи драма. Беше 5:5 во гемови кога Медведев направи брејк и поведе со 6:5, па на свој сервис имаше шанса за победа.

Сепак, тинејџерот направи ри-брејк за 6:6 и побендикот мораше да се реши во тај-брејкот. Медведев водеше со 7:6 во поени, а потоа Тиен со четири поени во низа успеа да стигне до 10:6 и до најголема побед во кариерата.

- Оглас -

Најнови вести