Сензација во Париз, ПСЖ планира итно да ги продаде Меси и Нејмар

Сензационална информација од Шпанија е објавена за плановите на новата структура во спортскиот дел на Пари Сен Жермен, која планира итна продажба на Лионел Меси и на Нејмар.

За Бразилецот се претпоставуваше дека ќе си замине од ПСЖ, веројатно веќе ова лето, но сега сензација е дека намерата е и Меси да биде ослободен од обрвските кон клубот.

Инфромацијата ја објави „El Partidazo de Cope“, односно спортскиот програм на познатото шпанско радио „Кадена“.

Нејмар во рекорден трансфер од 222 милиони евра во 2017 година дојде во ПСЖ од Барселона, а Меси со кого Бразилецот играше во тандем во Барселона, лани дојде како слободен агент од редовите на шпанскиот гигант во клубот од Париз.

Објавено е дека новиот спортски советник во ПСЖ, Луис Кампос и неговите соработници добиле зелено светло од сопственикот на тимот, Насер Ал-Келаифи да го подмладат тимот.

 

 

 

- Оглас -

Најнови вести