Унгарскиот тенисер Фабијан Марожан гo приреди најголемото изненадување во третото коло на турнирот од серијата Мастерс 1000 што се игра во Рим со елиминацијата на најдобриот светски тенисер Карлос Алкарас.
Марожан во својот прв настап на Мастерс турнир првпат играше против еден играч од топ 10 на ранг-листата и ја оствари најголемата победа во кариерата.
https://twitter.com/i/status/1658099352580272128
Унгарецот за 102 минути игра во два сета, со 6:3, 7:6 беше подобар од Шпанецот.
Првиот сет го одлучи еден брејк, кој го направи Марожан во четвртиот гем, кога поведе со 3:1 и со сигурен сервис, без да му даде брејк шанса на Алкарас, го доби сетот.
https://twitter.com/TennisTV/status/1658098310748545029?s=20
Вториот сет се играше дури 69 минути, и двајцата тенисери направија по еден брејк. Прво, Марожан го одзеде сервисот на Алкарас во седмиот гем и поведе со 4:3, но Шпанецот експресно возврати во наредниот гем.
Потоа и двајцата беа сигурни на свој сервис и сетот го одведоа во тај-брејк. Во одлучувачкиот гем, Марожан двапати го одзеде сервисот на Алкарас и со четири освоени поени по ред триумфираше со 7:4 и си обезбеди пласман во осминафиналето.
Алкарас нема премногу да жали за раната елиминација на Мастерсот во Рим бидејќи со победата во второто коло над сонародникот Рамос Вињолас се врати на првото место на АТП ранг-листата.