Сензација во Сараево, Босанците ја победија Франција!

Кошаркарската репрезентација на Босна и Херцеговина, во Сараево ја шокираше моќната Франција со 96-90 во драматичен меч од квалификациите за Светско првенство. Победникот беше одлучен дури по две продолженија.

Босанците беа предводени од Јусуф Нуркиќ, Џанан Муса и Роберсон, и со поддршка од трибините, некако излегоа на крај со ѕвездениот тим на Франција.

Триколорите многу осцилираа. Во првата четвртина дадоа 14, во втората дури 32, во третата се обрукаа и дадоа само 5, за во последните 10 минути од регуларниот дел да уфрлат 25 поени.

Французите во овој циклус загубија и од Црна Гора во Подгорица, но тогаш во составот на селекторот Венсан Коле ги немаше ѕвездите од НБА и Евролигата.

- Оглас -

Најнови вести