Кошаркарките на Вардар се освојувачки на женскиот кошаркарски Куп на Македонија, откако на завршниот турнир во Гевгелија ги победија двата најголеми фаворити за трофејот. Вардарки во полуфиналето славеа над прволигашкиот лидер Крива Паланка со 78-72, додека во финалето го победија бранителот на трофејот, Баскет Кам со 69-55.
За кошаркарките на Вардар ова е четврти трофеј од Купот на Македонија, прв после 2019 година, а претходно победуваа и во 2017 и 2018 година.