Сензацијата се оствари – Жељко Обрадовиќ се врати во Партизан

Вистинска бомба оддекна во Белград, а поранешниот европски кошаркарски првак Партизан и неговите симпатизери имаат многу пришини за радост.

Во клубот се врати најтрофејниот европски тренер Жељко Обрадовиќ по цели 28 години пауза. Со него како кормилар на клупата Партизан ја освои единствената титула во Евролигата во сезоната 1991/92.

Обрадовиќ има вкупно 9 шампионски круни со различни клубови во Евролигата и е апсолутен рекордер во тренерската фела.

Трофејниот кошаркарски стручњак потпиша тригодишен договор со Партизан, клуб за кој играше од 1984 до 1991 година, а потоа две години од 1991 до 1993 година му беше и тренер.

Официјалната промоција и кам-бекот на Обрадовиќ е закажан за в понеделник.

 

 

- Оглас -

Најнови вести