Сензационален трансфер: Барселона го купи „чудовиштето“ од Втората хрватска лига! (Фото)

Хрватските, но и светските медиуми пренесуваат дека хрватскиот второлигаш Кустошија го направи најголемиот трансфер во нивната историја. Тие ѝ продадоа фудбалер на Барселона за 5 милиони евра.

Се работи за репрезентативецот на Сенегал, Микаил Фаје, кој има само 19 години, но важи за еден од најголемите светски таленти на централната дефанзивна позиција. Во фудбалските кругови е познат под прекарот „чудовиштето“.

Интерес за неговите услуги имаше и од Борусија Дортмунд и од Челзи, но сепак тој се одлучи својата кариера да ја продолжи на „Камп ноу“.

Интересно, тој во Хрватска пристигна оваа сезона и само по една полусезона во Кустошија, го прави трансферот од соништата, а хрватскиот второлигаш си го обезбеди буџетот за следните неколку сезони. Тој во бележниците на скаутите влегол уште во 2019 година, кога со селекцијата на Сенегал до 17 години настапувал на Светското првенство.

- Оглас -

Најнови вести