Фудбалската бајка на францускиот второлигаш Данкерк заврши во полуфиналето од Купот. Иако лесно можеше да има и нова сензација, сепак ПСЖ со голем пресврт е прв финалист на францускиот Куп.
Данкерк со голови во седмата и 27-мата минута дојде до неверојатни 2-0, а пресвртот го најави Дембеле во 45-тата минута, кога намали на 2-1.
Светците во второто полувреме постигнаа уште погодоци, а Данкерк веќе немаше сили за сензација. Маркињос во 48-мата минута израмни на 2-2, а Дуе во 62-рата минута донесе водство за ПСЖ. Конечните 2-4 ги постави Дембеле во 93-тата минута.
ПСЖ во финалето од Купот на Франција ќе го чека подобриот од второто полуфинале, во кое се среќаваат Кан и Ремс.