3.8 C
Skopje
понеделник, 17 ноември 2025

Јанта волеј освои еден сет против Французинките

Екипата на Јанта Волеј загуби дома од францускиот Волеро Ле Кане со 1-3 (по сетови 15-25, 10-25, 25-20 и 9-25) во квалификациите во женската Лига на шампиони во одбојка.

Во Челинџ купот играше Работнички, кој на гостувањето кај Рае во Естонија загуби во три сета со резултат 15-25, 24-26 и 18-25. Се истакна Тамара Стојанова со 16 поени.

Следуваат реванши, но минимални се шансите да видиме наш тим во наредната фаза. Сепак, тоа што шампионот Јанта Волеј мина една пречка во Европа и освои сет против силен ривал, покажува дека имаме потенцијал во женската одбојка. Доказ за тоа е Мери Бошковска, која има само 18 години и беше прв поентер на мечот со 17 поени.

- Оглас -

Најнови вести