Сепак е тешка повреда: Златан потврди дека нема да игра на ЕП 2020

Златан Ибрахимовиќ сепак нема да настапи на претстојното Европско првенство поради здобиената повреда на коленото. Иако најавите беа дека повредата не е сериозна и нема потешки оштетувања на лигаментите, предвидената пауза од три недели се зголеми на шест, па така Ибрахимовиќ извиси за континенталниот собир.

Селекторот на Шведска Јане Андерсон откри како се одвивал разговорот со првата ѕвезда на Милан.

„Денес разговарав со Златан, кој за жал ме извести дека нема да може да ѝ помогне на нашата селекција за Европското првенство. Повредата на коленото го спречи да ни се стави на располагање. Секако дека ова е голема загуба за нас, а особено Златан е разочаран што нема да игра. Му посакувам што побрзо да се врати на терените“, истакна Андерсон.

Шведска на претстојниот континентален собир ќе се соочи со Шпанија, Словачка и Полска во групната фаза.

ПОВРЗАНИ ВЕСТИ

- Оглас -

Најнови вести