Не е страшно: Златан ќе паузира околу три недели, настапот на ЕП не му е загрозен

Златан Ибрахимовиќ ќе ги пропушти последните два меча за Милан против Калјари и Аталанта во Серија А, поради повреда на коленото со која се здоби во минатиот дуел против Торино.

Според информациите кои стигнаа од Чизмата, незгодата не е сериозна, па Златан ќе биде во аут само три недели, што значи дека неговиот настап за Шведска на престојното Европско првенство не е загрозен. Нема оштетувања на вкрстените лигаменти на коленото, но сепак Ибрахимовиќ ќе мора да помине неколку недели на рехабилитација со цел потполно да се ослободи од болките.

Во најлош случај, ветеранот на Росонерите би го пропуштил мечот на Шведска против Шпанија во првото коло од групите на ЕП, но против Словачка и Полска ќе биде во тимот. Како што е познато, Ибрахимовиќ по пет години пауза се врати во шведската репрезентација и на 309 години ќе биде меѓу најголемите фудбалски ѕвезди на континенталниот собир.

- Оглас -

Најнови вести