0.8 C
Skopje
петок, 19 декември 2025

Сер Алекс: Аморим е добар човек и не му е лесно во Манчестер јунајтед

Легендарниот менаџер на Манчестер јунајтед, Сер Алекс Фергусон, на 31 декември ќе наполи 84 години, а сѐ уште редовно ги следи мечевите на неговиот омилен клуб. Популарниот Ферги беше на трибините на „Олд Трафорд“ на последниот меч кога Манчестер јунајтед одигра 4:4 против Борнмут.

Едноставно тој меч против Борнмут беше само уште еден доказ дека овој тим на Манчестер јунајтед нема капацитет за голем дострел. Последен пат Црвените ѓаволи беа шампиони во 2013 година, последната сезона под водство на Фергусон.

За актуелните лоши резултати на Манчестер многумина вината ја гледаат кај тренерот Рубен Аморим, но Фергусон упати пофални зборови за португалскиот стратег.

„Тој е добар човек. Не му е лесно. Се сеќавам на моето време кога Ливерпул беше најдобар. Тие беа фантастичен клуб, Купот на европски шампиони го освоија четирипати, но потоа им требаше 31 година за повторно да го освојат првенството. Сега ние сме во истата ситуација. Може да потрае уште десет години, може да потрае 11 години поради овој циклус“, вели Фергусон.

- Оглас -

Најнови вести