6.8 C
Skopje
понеделник, 26 јануари 2026

Серафимов: Ќе биде тежок дуел во Кардиф, но зошто да не победиме

Кога Македонија игра против селекција од врвна класа како што е Велс, одбраната на нашата селекција најчесто го има главниот збор, а таму стандарден е Никола Серафимов. Серафимов е полн со самодоверба, а тоа и не е без основа ако се знае дека Македонија во овие квалификации нема ниту еден пораз.

Пред мечот со Велс, нашата селекција ќе одигра контролен дуел против Летонија во Скопје, а потоа следува главното, дуелот во Кардиф.

„Прво имаме контролем меч против Летонија и тоа ќе биде одлична проверка за нас. Потоа следува најважниот меч во овие квалификации. Ќе биде многу тежок меч, но ќе дадеме сè од себе за да ги израдуваме нашите навивачи, а зошто да не и да победиме. Кога се игра против вакви селекции од светска класа, секогаш најголемиот товар паѓа на одбраната. Но, нашата одбрана започнува од нашиот најистурен играч во нападот и верувам дека можеме да го издржиме притисокот што ќе го наметнат домаќините. Нашиот пристап на секој натпревар и против секој ривал е на едно високо ниво и одиме на позитивен резултат“, вели Серафимов, кој денеска пристигна во базата во Скопје, каде што ќе започнат подоготовките за последниот меч од квалификациите за пласман на СП 2026.

- Оглас -

Најнови вести