Македонската ракометна репрезентација од денеска е во Швајцарија, каде ќе ги одработи поседните подготовки пред стартот на Европското првенство кое започнува за една недела.
Македонија во Швајцарија ќе биде дел од „Жолтиот куп“ каде ќе одигра три меча и тоа против Бахреин (8 јануари), Украина (9 јануари) и против домаќинот Швајцарија (10 јануари).
По завршување на турнирот, македонската експедиција ќе замине во Данска каде ќе ги направи последните подготовки за ЕП. Прв противник е токму домаќинот, дуелот со Данска е на 16. јануари, два дена подоцна е мечот со Португалија, додека на 20 јануари играме против Романија.
Еден од оние од кои се очекува многу на овој континентален собир е Мартин Серафимови, кој ветува голема борба.
„Можам, да кажа дека сите играчи кои сме во репрезентацијата имаме јаки натпревари на клупски план, па ни пстанува да се воиграме меѓу нас и да го дадеме максимумот. Ви гарантирам дека ќе го дадеме максимумот на сите три меча од групната фаза. Данска е ракометен гигант, Португалија е во подем, имаат квалитетни играчи, но ние ќе го дадеме максимумот ќе се бориме до последната минута и мислам дека ќе заврши позитивно. Нема да потцениме ниеден противник“, вели Серафимов.

