17.8 C
Skopje
среда, 3 септември 2025

Серафимов: „Никогаш не ги потценуваме противниците, така ќе биде и сега“

Македонската репрезентација ги продолжува подготовките за претстојните натпревари, пријателскиот против Саудиска Арабија (4 септември, Прага) и Лихтенштајн (7 септември, Национална арена „Тодор Проески“) од квалификациите за СП 2026. Најдобриот национален тим е во комплетен состав откако денеска пристигнаа Елиф Елмас и Дарко Чурлинов. Двајцата во текот на вчерашниот ден официјално потпишаа договори со своите нови клубови, Елмас како повратник во Наполи, а Чурлинов во турскиот Коџаелиспор.

Никола Серафимов, дефанзивецот на Левски од Софија смета дека треба да се фокусираме на мечот во Прага, а потоа со Лихтенштајн. Фаворити сме на хартија, но вели дека тоа во денешниот фудбал не важи.

„Првиот натпревар против Саудиска Арабија мислам дека ќе биде одлична можност да видиме во каква форма сме. Кога доаѓаме за настап во репрезентацијата сите доаѓаме со посебен мотив и желба, го даваме и последниот атом од силата. Мора да се фокусираме на мечот во Прага, а потоа со Лихтенштајн. Фаворити сме на хартија, но тоа во денешниот фудбал не важи. Кога однапред ќе ги запишете трите бода, тоа никогаш не е добро. Треба да влеземе како и на сите останати мечеви, ние како група и овој стручен штаб никогаш не сме потцениле никого, така ќе биде и овојпат. Трите бода ни се и повеќе од неопходни. Нов клуб, нова средина, нови почетоци. Исто како што и тука го давам максимумот, го давам и во клубот. Се надевам дека новото поглавје во мојата кариера ќе биде поуспешно од тоа што било претходно“, вели Никола Серафимов за сајтот на ФФМ.

- Оглас -

Најнови вести