Серена ја најде тактиката: Почна да вришти и ја уплаши руската убавица, па Американката доби 12 од последните 13 гема (Видео)

Некогашната трикратна победничка на Ролан Гарос, синоќа имаше многу мака уште во првото коло од Гренд слем турнирот во Париз. Американката се соочи со неочекуван проблем во дуелот со Виталија Дјатченко од Русија. Руската убавица го доби првиот сет со 6:2, а Вилијамс во немоќ, на почетокот на вториот сет почна да вриска.

Тој потег на Серена како да ја уплаши Дјатченко. Во продолжение од мечот, Американката ги доби следните два сета и тоа убедливо со 6:1, 6:0 и очекувано се пласираше во второто коло.

Денеска на програмата на Ролан Гарос, повторно има речиси 100 мечеви за типување во понудата на Sport Life обложувалниците. Еден од поатрактивните и неизвесни дуели би требало да биде тој меѓу Иво Карловиќ и Фелицијано Лопес.

 

- Оглас -

Најнови вести