Американската тенисерка Серена Вилијамс, на претстојниот гренд-слем турнир Вимблдон, кој се игра на тревнатите терени на „Ол Ингланд“ клубот во Лондон, ќе настапува во дрес на кој ќе има 34 Сваровски кристали.
Овие кристали ќе бидат во брош со логото на компанијата Најк која е спонзор на легендарната Вилијамс, а бројката од 34 кристали е затоа што тенисерката имаше 34 години кога го освои Вимблдон во 2016 година.
Некогаш најдобрата тенисерка на светот, годинава не е првиот ред на фаворити, таа годинава нема играно ниту еден меч на трева, но ако не според резултатите, внимание привлекува со стилот на облекување и разните детали кои ја одвојуваат од останатите.