Поранешната американска тенисерка Серена Вилијамс откри дека е бремена и по втор пат ќе стане мајка. Убавата вест ја потврди за време на модниот настан во Њујорк, Мет гала, на кој се појави со сопругот Алексис Оханијан.
Серена и Алексис имаат едно дете, ќерката Олимпија, која е родена во 2017 година.
Легендарната тенисерка замина во пензија минатата година, по настапот на гренслем-турнирот во Њујорк, Отвореното првенство на САД.
Serena Williams announces she's pregnant with her second child ❤️ pic.twitter.com/3pMGFF5ajn
— Bleacher Report (@BleacherReport) May 2, 2023
Серена Вилијамс во кариерата освои 23 гренслем титули, по седум пати триумфира на Вилмблдон и во Мелбурн, шест пати во Њујорк и три пати на Ролан Гарос.