Лионел Меси беше херојот на Аргентина во победата од 2:0 на дуелот против Мексико. Меси даде гол за водство од 1:0, а потоа Гаучосите дадоа и втор гол. По дуелот, во соблекувалната на Аргентина беше забележано како Меси седи, а на подот пред него има мексикански дрес.
Мексиканците гоа го протолкуваа како Меси да сака да го чисти подот со дресот, па реагираше мексиканскиот боксер Канело Алварес. Најдоброрангираниот светски боксер во моментов толку многу се налути, што упати опасна закана кон Меси.
Canelo Alvarez tells God that he hopes he doesn’t catch Messi in person after he saw a video of Messi using the Mexican flag to clean the floor 👀😳 pic.twitter.com/IB72NWn23W
— Daily Loud (@DailyLoud) November 28, 2022
Само неколку часа по заканата на Канело, со реакција се јави некогашниот аргентински репрезентативец и многу добар другар на Меси, Серхио Агуеро. Токму Агуеро со години му беше цимер на Меси додека беа со репрезентативни обврски, па сега реши да му помогне и да го „одбрани“ од нападите на боксерот.
„Господине Канело. Немојте да барате извинувања или проблеми, вие сигурно не знаете ништо за фудбалот и тоа што се случува во соблекувалната. По мечевите, дресовите секогаш се полни со пот и затоа се на подот. Ако подобро погледнете, Меси направи потег за да ја соблече копачката и случајно да го допре дресот“, беше пораката на Агуеро.