Лионел Меси има закана од познатиот мексикански боксер Канело Алварес откако беа објавени видеоматеријали и фотографии како фудбалската ѕвезда на Аргентина го чисти подот со мексиканско знаме.
Меси по победата на Гаучосите од 2:0 против Мексико, во соблекувалната го чисти подот со дрес на поразениот ривал.
Тоа опасно го разлути најдоброрангираниот светски боксер во моментов, кој му се закани:
„Нека го моли Господ да не го сретнам. Срамен чин е да чистиш под со дрес или знаме на некоја земја. Јас ја почитувам Аргентина и ова не се однесува на Аргентинците, туку само на Меси“, изјави Канелас.
Canelo Alvarez tells God that he hopes he doesn’t catch Messi in person after he saw a video of Messi using the Mexican flag to clean the floor 👀😳 pic.twitter.com/IB72NWn23W
— Daily Loud (@DailyLoud) November 28, 2022
Канелас има титули светски првак во четири различни категории, а од мај годинава е најдоброрангиран боксер на планетата според познатиот метод „Паунд фор паунд“ на Боксрек.