Поранешниот фудбалер на Реал Мадрид, ПСЖ и Севиља, Серхио Рамос, е пред спектакуларен трансфер и тоа во Аргентина. Се работи за еден од најпопуларните клубови во светот, Бока јуниорс, а откако аргентинските медиуми ја пренесоа информациите, навивачите веќе го слават неговоти пристигнување.
38-годишниот дефанзивец веќе четири месеци е надвор од фудбалските терени, откако му заврши договорот со Севиља, а потоа ги одби и понудите од Саудиска Арабија и МЛС лигата. Сега Бока јуниорс е подготвена да му понуди едногодишен договор, па Рамос може да го гледаме во „сино-жолтиот“ дрес на „Ла Бомбониера“.