Легендарниот фудбалер на Реал Мадрид и поранешен шпански репрезентативец, Серхио Рамос, го напушта мексиканскиот Монтереј и сака да се врати во Европа. Но, не се работи за кој било клуб, Рамос сака да се врати во еден од европските гиганти со цел повторно да се наметне и за шпанската репрезентација пред Светското првенство 2026.
Се споменуваше можен трансфер во Шпанија, но се чини дека многу поблиску е до Серија А.
Серхио Рамос би можело да му се приклучи на Лука Модриќ, неговиот поранешен клупски другар од Реал, кој сега игра за Милан.
Масимилијано Алегри е искусен стратег и добро знае дека квалитетот на Рамос не е спорен, иако има 39 години. Всушност, Милан веќе направи одличен потег со доведувањето на Модриќ и тоа се покажува како успешна стратегија. Сега и Серхио Рамос би можело да пристигне на „Сан Сиро“.

