Фудбалерите на Реал Мадрид се подготвуваат за продолжувањето на сезоната, а капитенот Серхио Рамос е мотивиран и им дава пример на останатите како треба да се однесуваат. На денешниот тренинг Рамос изведе акробатски потег и со ножички заби во полето на противничкиот тим додека играа серва, некои го нарекуваат и „тенис со нозе“.
Рамос има одлична техника како за дефанзивец, а и физички е одлично подготвен, па не е ни чудно што им дели лекции на своите соиграчи кои се воодушевија од потегот.
Вакво нешто направи и Енис Барди на тренинг на Леванте пред околу десетина дена, па потегот на Рамос не е невиден, но вреди да се погледне:
https://twitter.com/i/status/1268177904455860227