2.8 C
Skopje
вторник, 30 декември 2025

Серхио Рамос ќе ја засили Ница?

Искусниот шпански дефанзивец Серхио Рамос не размислува за повлекување и има јасна желба да продолжи да игра на највисоко ниво. Неговата следна фудбалска станица би можела да биде Франција, поточно југот на земјата и клубот Ница.

Според француски извори, шпанскиот стопер веќе е во преговори со францускиот прволигаш, кој моментално се соочува со сериозна криза. Клубот неодамна остана без тренер, откако Франк Ез си замина по 18 месеци, по немилиот инцидент во кој дел од играчите и спортскиот директор биле нападнати од навивачи.

Во Ница веруваат дека токму ангажманот на Серхио Рамос би можело да донесе стабилност и да го „изгасне пожарот“. Искусниот Шпанец во моментов е слободен агент по заминувањето од мексиканскиот Монтереј, а зад себе има импресивна кариера со настапи за Севиља, Реал Мадрид и Пари Сен Жермен.

Ница се наоѓа на 13-тата позиција на табелата во Лига 1 со 17 бода и е во серија од шест последовни порази, што дополнително ја зголемува потребата од итни и квалитетни засилувања.

- Оглас -

Најнови вести