Легендата на Реал Мадрид, Серхио Рамос, и на 38-годишна возраст нема намера да му каже збогум на фудбалот, но има еден проблем – никој не сака да го ангажира. Неговите менаџери го понудиле буквално на половина свет, но никој не може да ги задоволи неговите финансиски апетити.
Ботафого, Коринтијанс, Фламенго и Васко де Гама се клубовите каде што е понуден славниот Рамос, но сите го одбиле кога ја слушнале платата. Освен во Бразил, неговиот менаџерски тим го понудил и на клубови од МЛС-лигата, како и од Катар и Саудиска Арабија, но одговорот секаде бил ист.
Серхио Рамос сега има две опции, да ја заврши кариерата или да ги намали финансиските барања ако сака да продолжи да игра фудбал.