3.8 C
Skopje
петок, 28 ноември 2025

Серхио Рамос се враќа во Европа, најблиску до неговиот потпис е шпански второлигаш?!

Легендарниот шпански дефанзивец, Серхио Рамос, е пред враќање во Европа, откако неговиот договор со мексикански Монтереј завршува месецов и тој ќе биде слободен агент.

39-годишниот Шпанец најави дека нема намера да остане во Мексико, а како најсериозен кандидат за неговиот потпис е шпанскиот второлигаш Кордоба. Екипата од Андалузија во моментов е на седмата позиција на табелата и нема да биде никакво изненадување доколку Рамос потпише токму за нив. Сепак, поранешниот дефанзивец на Реал Мадрид и ПСЖ има богати понуди и од екипи од МЛС лигата и од Саудиска Арабија, па ќе биде интересно да се види во јануари за каква опција ќе се одлучи.

- Оглас -

Најнови вести