Шпанија со три голови во второто полувреме ја совлада Шведска со 3-0, во дербито на групата Ф од квалификациите за ЕП 2020, а средбата одиграна во Мадрид мина во знакот на Серхио Рамос. Тој пред почетокот на мечот доби признание за светскиот рекорд од 122 победи во репрезентативниот дрес, а вечерва дојде и до триумфот 123 со Шпанија, бројка каква што нема ниту еден друг фудбалер во историјата.
Во првото полувреме, на домашните им беше поништен чист гол, а во 64-тата минута беше досуден пенал за Шпанија, кој Рамос ги претвори во гол и водство од 1-0. Дваесет минути подоцна, Шпанците добија уште еден пенал, но тогаш капитенот му дозволи на Алваро Мората да шутне и да зголеми на 2-0. Рамос со седум гола на последните осум меча за „црвената фурија“ дојде до бројка од 20 гола за националниот тим и стана деветти стрелец во историјата на шпанската репрезентација. Тој има и серија од 13 погодени пенали по ред.